Бекам ја купува Малага?

Loading...

 

Поранешниот капитен на англиската фудбалска репрезентација Дејвид Бекам објави дека размислува за купување на шпанскиот прволигаш Малага, тврдат американските медиуми.

Фудбалерот на американскиот фудбалски клуб Лос Анџелес неочекувано на една локалната калифорниска телевизиска станица изјавил дека е подготвен да купи 75 отсто од акциите на Малага, од сегашниот сопственик катарскиот шеик Абдулах ал-Тани. Бекам така би станал мнозински сопственик на шпанскиот клуб, а во оваа зделка има намера да влезе заедно со поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас.

Малага првпат во својата историја се избори за учество во најпрестижното фудбалско клупско натпреварување Лигата на шампионите, меѓутоа сопствениокот шеикот ал-Тани е во финансиски проблеми, па веќе ги намали платите на играчите и ги продаде најдобрите фудбалери Санти Казорла и Хозе Роднон.

Дејвид Бекам, пак, со настапите за мадридски Реал во периодот од 2003 до 2007 година, има искуство во шпанските фудбалски прилики.

 

Макфакс

loading...
Loading...