Фергусон го загуби трпението ќе го продава Андерсон

Loading...

 

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, има намера да го продаде Бразилецот Андерсон, пренесуваат англиските медиуми.

Фергусон го загубил трпението и смета дека Андерсон не го остварил очекуваниот прогрес во кариерата како играч на Јунајтед, иако во 2007 година беше донесен во клубот како голем талент. 

Бразилецот со „Црвените ѓаволи“ има договор кој истекува во 2015 година, а во летниот преоден рок интерес за неговите услуги покажуваа Тотенхем и Бенфика. 

Андерсон оваа сезона има одиграно две средби во Премиерлигата, додека минатата сезона настапи на 16 натпревари на кои постигна два гола.

 

Макфакс

loading...
Loading...