19-годишник од Скопjе е во тешка состојба откако паднал од третиот кат од својата куќа

Деветнаесетгодишно момче од Скопје е тешко повредено откако паднало од трети кат од куќа во општина Илинден.

Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот, кога младиот човек, кој бил на гости кај роднини со својата мајка, паднал од третиот кат од куќа во Илинден. Според првичните информации, тој имал здравствени проблеми.

„По падот, 19-годишникот се здобил со тешки телесни повреди и итно е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe, каде што лекарите ја утврдиле сериозноста на повредите. Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за целосно расветлување на околностите во кои се случила несреќата“, информира МВР.

The post 19-годишник од Скопjе е во тешка состојба откако паднал од третиот кат од својата куќа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: