Победникот на Х-Фактор, Даниел Кајмакоски, е еден од ретките кој не бил шокиран кога го видел транссексуалецот од Австрија, Кончита Вурст, овогодишниот евровизиски победник. Имено, двајцата пејачи се познаваат веќе осум години, а дури и заедно учествувале на едно музичко натпреварување во Виена, каде што стружанецот живее со години, пишува Вечер.
“Учествував на музичко натпреварување за почетници. Станува збор за шоуто “Старманија” во Виена и тогаш се пласирав на осмото место. Следните три години бев врзан со договор за таа продукција, кога и Кончита, која во тоа време се уште се претставуваше со своето вистинско име, Томас Нојвирт, се пријави за натпреварувањето. Тогаш го запознав, а ми се чини дека тој ми пријде прв и се дружевме”, вели Кајмакоски.Имено, двајцата пејачи се познаваат веќе осум години, а дури и заедно учествувале на едно музичко натпреварување во Виена, каде што стружанецот жив



