Галијани: Реал и Барса како да се од друга планета

 

Извршниот директор на фудбалскиот клуб Милан, Адријано Галијани, признава дека неговиот клуб во монетов не може да се натпреварува против Реал или Барселона.

„Со италијанските клубови можеме да се натпреваруваме, но различни се работите во Европа. Екипите кави што се Реал и Барселона делуваат како да се од друга планета“, изјави Галијани за италијанските медиуми. 

Гледајќи ги трофеите во Лигата на шампиони, Милан е подобар од Барселона, „росо-нерите“ имаат седум, а Каталонците четири титули. 

Сепак, шпанските фудбалски великани се далеку понапред кога ќе се погледнат маркетиншката и финансиската страна. 

Милан минатата сезона го освои второто место во Серија А, оваа сеозна екипата од Милано во првите две кола освои три бода.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: