Страхан: Барселона е незапирлива

 

Поранешниот менаџер на Селтик, Гордон Страхан, изјавил дека е речиси невозможно да се сопре екипата на Барселона.

„Како да ја сопрете Барселона? Едноставно, ќе одите до најблиската црква и потоа останува само да се надевате. Многу екипи се обиделе против овој тим, но Барса има одлични играчи кои знаат како се победува“, изјавил Страхан. 

Легендарниот шкотски фудбалер имал можност како менаџер на Селтик, да го предводи тимот против Барселона.

„Тогаш му стана јасно дека тие се навистина посебни. Тој фудбал и тие додавања, тоа е нешто што ве хипнотизира. Кога игравме против Манчестер Јунајтед тие имаа 340 успешни додавања, Милан забележа 360, а Барселона на Селтик парк имаше 700 успешни додавања. Во прв момент кога анализирав мислев дека станува збор за грешка“, дополнил Страхан. 

Екипата на Селтик сезонава ја очекуваат две средби со Барселона во Лигата на шампиони, првата ќе се одигра на 23. октомври во Шпанија.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: