Арсенал подготвува нов договор за Венгер

Loading...

 

Премиерлигашот Арсенал, подготвува нов договор за својот менаџер, Арсен Венгер, изјавил во интервју за таблоидот The Sun, извршниот директор на клубот Иван Газидис.

Договорот на францускиот стручњак со Арсенал истекува во 2014 година, што беше доволна причина да се појават шпекулациите дека по тој рок тој ќе го напушти Арсенал. 

Сепак, Газидис застана зад менаџерот, иако тој веќе седум години со екипата нема освоено ниту еден трофеј. 

„Не се работи за никава сентименталност. Ние сме уверени дека го имаме најдобриот менаџер кој ќе нé предводи и во иднина“, изјавил Газидис. 

Арсен Венгер во Арсенал дојде во 1996 година, подолг стаж на клупата на еден тим во Англија има само менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон.

 

Макфакс

loading...
Loading...