Давид Силва и 62 млн. евра за Роналдо

 

Англискиот шампион Манчестер Сити, наводно на Реал му го понудил Давид Силва и сума од 62 милиони евра, во замена за Кристијано Роналдо, пишуваат медиумите на Островот.

Исто така, се шпекулира дека Реал претходно ја одбил понудата на Манчестер Сити за Роналдо која изнесувала 200 милиони евра. 

Шпекулациите околу евентуалниот трансфер на Португалец се интензивираа откако тој пред две недели изјави дека од професионални причини се чувствува несреќен во Реал. 

„Кралскиот клуб“ пред неколку денови на Роналдо му понудил нов договор, вреден 16 милиони евра на годишно ниво.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: