Нина Бадриќ, Бојан Маровиќ и Даниел Кајмакоски – специјални гости на МАРС 2014

Седмото издание на Македонскиот радиски фестивал МАРС 2014 годинава ќе се одржи на 25 ноември во Универзална сала –Скопје која традиционално и овој пат се јавува како продуцент и организатор на фестивалот, кој финансиски е поддржан од град Скопје.Селекцијата на најпопуларните годинешни радиохитови како и до сега ја вршат над 40 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија, а 15-те највртени песни во македонскиот радиоетер ќе се најдат на финалната вечер на МАРС 2014 која ќе биде директно пренесувана на првиот канал на националниот сервис – МТВ. И додека радиостаниците ги праќаат своите листи за конечната да се знае во почетокот на месец ноември кога ќе се сумираат резултатите на пристигнатите гласови, организаторот наголемо ги прави финалните фестивалски подготовки. Така, покрај македонската музичка елита и годинава на МАРС 2014 ќе настапат две големи музички имиња од територијата на бившите ЈУ простори кои ќе бидат и специјални гости на Македонскиот радиски фестивал.
Наградите за Ѕвезди од соседството и овој пат ќе отидат кај две големи музички имиња. Првата е една од најпознатите и најпопуларни хрватски поп пејачки, атрактивната поп дива Нина Бадриќ, песни годинава беа големи радиски хитови во регионот. Другиот е популарниот црногорски пејач кој работи и живее во Белград, Бојан Маровиќ. За нивното гостување има неколку причини. Како прво Нина беше најголемиот фан и поддржувач меѓу целата естрада во Регионот на нашиот Даниел Кајмаковски додека тој се натпреваруваше во регионалното музичко шоу Х-фактор. Како второ со Даниел на неодамна завршените годинешни Руњиќеве вечери заедно во дует ја отпеаа неговата песна „Један од многих“. И како трето Нина е се попопуларна во Македонија, а доказ за тоа е и е изборот на нашата Елена Ристевска да ја имитира на ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“ за што повторно Нина имаше само пофални зборови кои ги сподели на социјалните мрежи и за нав доби илјадници лајкови. Сето тоа е доволна причина да ја видиме како специјална гостинка на МАРС 2014.
МАРС годинава е посветен на јубилејот, 70 години од ослободувањето на градот Скопје кој сиве овие години е и главниот финански поддржувач на фестивалот. Затоа вториот специјален гостин од Регионот, црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ не случајно треба да дојде на МАРС 2014. Тој пред точно 10 години токму во Скопје, односно во Универзална сала го направи својот прв голем солистички концерт во кариерата. Од Скопје се му тргна, а подоцна многу пати гостуваше во Македонија. Неговиот јубилеј се поклопува со оној на градот Скопје, па затоа решивме да го удостоиме и ние него и тој нас на МАРС, на чие прво издание, пред седум години и ја понесе наградата за тогаш најпопуларен пејач во Македонија од регионот.
Секако тука е и нашиот Даниел Кајмакоски. 2014 беше негова година и затоа заслужува да биде награден, иако тој допрва треба да покаже и докаже дека овој негов успех не бил случаен.
Нина Бадриќ и Бојан Маровиќ специјално ќе допатуваат во Скопје за да ги примат наградите на МАРС 2014, а тие заедно со Даниел Кајмакоски со своето присуство и настапи ќе ја збогатат програмата, зголемат рејтингот и ќе го подигнат реномето на седмото издание на Македонскиот радиски фестивал кој и понатаму останува ревија на најпопуларните македонски музички ѕвезди, кои во една вечер нудат парада на најслушаните хитови во 2014 година. Затоа МАРС важи за македонски музички „all stars“.Селекцијата на најпопуларните годинешни радиохитови како и до сега ја вршат над 40 локални, регионални и национални радиостаници ширум Македонија,

Пронајдете не на следниве мрежи: