2 годишно дете пуши 40 цигари на ден, а му ги купува неговата мајка!

2 годишно дете од Индонезија пуши 40 цигари дневно и станува агресивно доколку некој одбие да му даде. Рапи Ананда Памунгкас почнал да ги зема отпушоците од својата мајка кои му ги палеле постарите деца од соседството и се забавувале додека го гледале.
Малото дете набрзо стана зависно од цигарите, а на неговите родители таа ситуација им била смешна па почнале да му купуваат цигари и му ги давале со кафето.
Сепак, ситуацијата наскоро стана сериозна, а детето започна да покажува тешки знаци на зависност.
“Мојот Рапи се навикна да пуши цигари додека пие кафе и јаде торта. Сега веќе два месеци пуши по две кутии дневно. Ако не му дадам цигара, едноставно полудува”, вели 35 годишната Марјати, мајката на детето.

“Тој без цигара не може да заспие. Само вреска и плаче. Цигарите се скапи, но ние мораме да му ги купиме, бидејќи тој пуши по цел ден”, додава Марјати.
Ниту неговиот татко не може да го одбие кога ќе побара цигара од него, пренесува Unilad.
“Не можам да му речам “не”. Јас дури не пушам дома, само на работа, но Рапи сака да пие кафе и пуши цигара”, вели таткото, кој сепак се согласува дека е време да посетат доктор и да започнат со терапија за одвикнување со помош од стручно лице.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.