20 намирници богати со растителни влакна и зошто треба да ги јадете редовно

Внесете ги овие намирници во вашата исхрана и ќе се ослободите од проблемите со лошото варење и подуеноста, а ќе забележите многу промени во телото.
Зошто се важни растителните влакна?
Влакната се дел од јаглехидратите од билките кои не се разградуваат во нашиот желудник туку минуваат низ дигестивниот систем. Тие се наоѓаат во намирниците што ги јадеме, а доколку редовно јадете храна богата со влакна, ќе се заштитите од различни болести.
Доколку ви недостасуваат влакна во исхраната, може да забележите некои од овие симптоми:
Лошо варење на храната
Болки во стомакот
Гасови
Подуеност
Придобивки за телото:
Намалување на холестерол – присуството на влакна во дигестивниот систем помага да се намали апсорбцијата на холестерол.
Храната богата со влакна како што се овошје и зеленчук има помалку калории.
Го контролира шеќерот во крвта – ова е одличен начин на исхрана за луѓето коишто се борат со дијабетес.
Се намалува ризикот од карцином – влакната го чуваат телото од некои видови на канцер, како што е на пример канцер на дебелото црево. Некои видови на влакна, како што е пектинот во јаболката имаат антиоксидативно дејство.
Што треба да јадете?
Круши
Јагоди
Авокадо
Јаболка
Малини
Банани
Морков
Цвекло
Брокула
Леќа
Грав
Леблебија
Киноа
Овес
Пуканки
Бадеми
Чиа семе
Сладок компир
Темно чоколадо
Прокељ
Препорачаниот дневен внес за жените е 25 грама, а 38 грама за мажите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.