20 факти за пивото кои не сте ги знаеле

Најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, кој се продава дури и на Антартикот е пивото. Измислено уште пред нашата ера со развиени преку 200 техники за негова изработка, пивото е доказ  дека Бог не сака, и сака да бидеме среќни, заклучил Бенџамин Френклин.
Покрај својот извонреден вкус, за пивото постојат и многу интерсни факти кои сигурно не сте ги знаеле:

Најстарите рецепти кои се најдени досега се однесуваат токму на пивото. Датираат од пред 5000 години и се запишани во форма на песни.
Држави каде најмногу се консумира пиво по глава жител се Чешка, Ирска и Германија.
Најголеми производители на пиво се Кина, САД и Русија.
Најмногу пивари има во Германија , околу 1200.
Едно од поскапите пива се вика Тутанкамон (Tutankhamun) и се приготвува според рецепт откриен во храмот на кралицата Нефертити во Египет, од група универзитетски археолози. Цената на шише пиво е 52 долари. Цените на најскапите пива достигнуваат и до 800 долари.
Белгија е земја со најмногу брендови на пиво – дури 400.
За најстара пиварница во светот се смета Weihenstephan во Баварија, која произведува пиво од 1040 година.
 Во античкиот период во Перу производството на пиво се сметало за исклучително благородничко занимање. Ретката можност да се занимаваат со тоа ја имале само жените со благородничко потекло или оние кои биле многу убави.
Во Германија служат пиво сладолед на стапче, чија содржина на алкохол е послаба од вообичаената.

Некои пивари понекогаш претеруваат со уникатноста како на пример во Камбоџа, каде во пивото ставаат мртви тарантули за посебен шмек.
Кога сме кај чудните пива, има едно такво исто бизарно во Кореа, кое содржи мртви глувци.
Хмељот, растение кое се користи при производството на пиво, припаѓа на истата група растенија како и марихуаната.
Најпопуларно пиво во светот е Хајнекен.

Сеносиликафобија е страв од празна чаша за пиво.
Пивото е здраво и за коските. Количеството на силициум кое го содржи ги штити и овозможува калциумот да остане за коскената срж.
Првите лименки за пиво се произведени во 1935 година поради потребата од практично пакување кое може да се однесе дома и да се консумира на мира.
Пивото ве прави попаметни. Една студија докажала дека жените кои умерено пијат имаат подобри когнитивни способности од оние кои воопшто не пијат. Тоа го покачувало добриот холестерол, што исто така водело и до помал ризик од срцеви заболувања.

Vielle Bon Secours е најскапото пиво на светот. Едно шише се продава за 700 фунти, единствено во лондонскиот бар Бирдром.
Инките пивото го правеле со плунка. На девојчињата на возраст од околу 10 години им давале да џвакаат пченка сосе лушпа, а тоа потоа го плукале во голем казан со врела вода. Така отстојувало 4-6 недели, пред да се стврдне и да се употреби за правење пиво.
 Најпопуларниот алкохолен пијалок во светот, кој се продава дури и на Антартикот е пивото. Измислено уште пред нашата е

Пронајдете не на следниве мрежи: