Палмеирас го избрка Сколари

 

Бразилскиот фудбалски прволигаш Палмеирас соопшти дека поради лошите резултати, го раскинал договорот со тренерот Луис Фелипе Сколари.

Екипата од Сао Паоло, по 24 одиграни првенствени рунди во националното првенство, во конкуренција на 20 екипи, се наоѓа на претпоследното 19-то место. 

Покрај Сколари, стручниот штаб го напушти и неговиот помошник Флавио Муртоса. 

Ова беше втор мандат на Сколари во Палмеирас, во првиот на чело на тимот беше во периодот од 1997 до 2000 година, тогаш го освои Купот Либертадорес. 

Покрај Палмеирас, Сколари во тренерската кариера ги предводел Гојас, Жувентуде, Крузеиро, Гремио, Челзи и репрезентациите на Бразил и Португалија.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: