Дербито со Реал ќе се игра и во случај на независност на Каталонија

Loading...

 

Барселона е гордоста на Каталонија, тимот ќе игра во Примера и во случај покраината да добие независност, тврди претседателот на Барса, Сандро Росел.

Неодамна на улиците на Барселона беа организирани протести за независност на кои се собраа повеќе стотици илјади луѓе, а според некои проценки на протестите имало 1,5 милиони луѓе. Тие веруваат дека одделувањето од Шпанија ќе им донесе подобра иднина. 

„Независноста на Каталонија нема да промени ништо. Ние би продолжиле да играме во шпанската лига, исто како што Монако игра во француското првенство, иако Монако е посебна држава. Убеден сум во тоа. Дерби средбите со Реал би се играле како и секогаш“, изјавил Росел за каталонскиот весник Спорт.

 

Макфакс

loading...
Loading...