Обафеми Мартинс нов играч на Леванте

Loading...

 

Нигериецот Обафеми Мартинс го напушти рускиот прволигаш Рубин Казањ и се пресели во фудбалското првенство на Шпанија.

Мартинс потпиша двегодишен договор со екипата на Леванте, според кој ќе заработува 600.000 евра по сезона. 

Нигериецот, кој ќе биде најплатениот играч на Леванте има право на настап во Примера но не и во Лига Европа, бидејќи играше во квалификационите натпревари за Рубин. Леванте во Лига Европа ќе игра во група заедно со Твенте, Хановер и Хелсингборг. 

Мартинс во кариерата има играно за Интер, Њукасл, Волфсбург и Бирмингем.

 

Макфакс

loading...
Loading...