Честитка од Димитриев по повод еврејскиот празник Ханука

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев, по повод големиот еврејски празник Ханука, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница Берта Романо-Николиц и до членовите и припадниците на Еврејската заедница во Македонија.– Со палењето на првата менора започнува и осумдневното празнување на повторното осветување на храмот во Ерусалим, започнува празнување на празникот на светлината, празнување на празникот кој го одбележува триумфот над насилството и поробувањето. Празникот Ханука повеќе од 2.000 години претставува симбол на еврејското национално опстојување, обнова на верската слобода и нè потсетува на истрајноста, вербата и упорноста на еврејскиот народ, се наведува во честитката од Димитриев.
Со чествувањето на вредностите на овој Ваш празник, како што вели Димитриев, само ја потврдуваме значајноста на Еврејската заедница која е длабоко вкоренета во нашата историја, нераскинлив дел од нашата сегашност и составен дел од нашата иднина.– Со палењето на првата менора започнува и осумдневното празнување на повторното осветување на храмот во Ерусалим, започнува празнување на пр

Пронајдете не на следниве мрежи: