Честитка од премиерот Димитриев по повод католички Божиќ

Премиерот Емил Димитриев од лично и од име на Владата на Република Македонија упати честитка по повод католичкиот Божик до Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх во Македонија, до свештенството и монаштвото и до сите верници од католичка вероисповед.– Со векови наназад, празнувањето на Раѓањето Христово претставува особен симбол на христијанството. Со самото доаѓање на нашата земја, со неговата пожртвуваност и милосрдие, Синот Божји влеа надеж, верба и утеха на измаченото човештво. Токму затоа, Божиќ е празник кој нè учи да одиме по трагите на вистината, празник кој нè учи како се подарува љубовта, добрината, меѓусебното почитување и разбирање. Поради тоа, како и сите години претходно, така и оваа, да ги отвориме своите домови и вратите на своите души за светлината која доаѓа. Бог е со нас, а симбол на таквиот дар е Христовото раѓање, пишува Димитриев во честитката.
Тој посакува вредностите кои ги прославуваме славејќи го празникот да ни дадат сите нам сила, мудрост и инспирација за, како што вели, да продолжиме да работиме во интерес на граѓаните и нашата земја, за економски раст, подобрување на стандардот на граѓаните и унапредување на сите општествени сфери, за меѓусебно почитување и соработка помеѓу граѓаните и продолжување со изградба на напредна Република Македонија.
– Нека е за многу години денот. Со радост и добрина да ја споделиме љубовта Божја. Ви посакувам светлина и топлина во Вашите домови, бериќет и верба во себе и другите. Ви го честитам Божиќ и Ви посакувам убави празнични денови, многу здравје, многу радост, успех и благосостојба во наредната 2017 година. Христовата светлост нека ги осветли и стопли вашите срца и вашите домови. Бидете благословени. Нека Ви е честит и благословен големиот христијански празник – Божиќ, пишува во честитката на премиерот Димитриев по повод католичкиот Божиќ.– Со векови наназад, празнувањето на Раѓањето Христово претставува особен симбол на христијанството. Со самото доаѓање на нашата земја, со не

Пронајдете не на следниве мрежи: