Го празнуваме Св. Лаврентиј: Замислете си желба вечерва!

Денеска е Св. маченик и архиѓакон Лаврентиј. Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258.Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот на Лаврентиј.
Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог. Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им подлегна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.
Според обичаите, ова е ден за шега и треба да се смеете и шегувате што е можно повеќе. Постои уште еден интересен обичај поврзан со овој ден. Со оглед на тоа дека денот на овој маченик е во август, ден во кој има дожд од метеори, се зборувало дека се тоа всушност солзите на Лаврентиј. Кој и да види вечерва ѕвезда која паѓа, треба да замисли желба и истата сигурно ќе му се оствари.Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и

Пронајдете не на следниве мрежи: