петок, 27 ноември 2026
Најново

Македонска културна вечер во Стара Загора

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Македонска културна вечер ќе биде одржана во Регионалната библиотека „Захариј Књажески“ во Стара Загора.Како што информираат од КИЦ на РМ во Софија, вечерта ќе биде отворена со изложбата на групата „Конекција 2“ на која ќе бидат претставени дела на 13 уметници од Република Македонија.
Отворањето ќе биде збогатено со македонска музика, а актерот Иван Калошев ќе интерпретира стихови на македонски и бугарски јазик од Ацо Шопов, Анте Поповски, Веле Смилевски, Богомил Ѓузел, Лилјана Дирјан, Никола Маџиров и други познати македонски поети.
За ова прво целовечерно македонско културно претставување во Стара Загора, ќе зборуваат директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија Васко Шутаров, а се очекува обраќање на претставник од Советот на Општина Стара Загора и директорката на Регионалната библиотека.
Овој проект е финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.Како што информираат од КИЦ на РМ во Софија, вечерта ќе биде отворена со изложбата на групата „Конекција 2“ на која ќе бидат претставен

Поврзани вести