Никола Груевски им го честиташе Божиќ на верниците од католичка вероисповед

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Никола Груевски им го честиташе Божиќ на верниците коишто го празнуваат денес, посакувајќи им мир и благосостојба.Д-р. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија:
– Дозволете ми, Вам, на Вашето ценето свештенство и монаштво, како и на сите верници од католичка вероисповед, во мое лично име и во име на ВМРО- ДПМНЕ, да Ви ги упатам моите честитки по повод еден од најголемите христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ.
Празнувањето и одбележувањето на овој голем празник од секогаш претставувало радосен момент во душата на секој верник. Примајќи ја веста за раѓањето на синот Божји, одново и одново во нас ја примаме ѕвездата водилка која постојано не просветлува и насочува како да бидеме подобри луѓе, да шириме љубов и да правиме добри дела. Божиќ не потсетува дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, да му покаже што е добро, а што лошо дело, одлучи да го испрати својот син на земјата за да ги превземе врз себе сите слабости и гревови на човековата природа.
Со овој чин се исполни надежта на родот човечки и се роди изворот на љубовта и добрината што никогаш не пресушува. Да го празнуваме заедништвото со Бога и да се помолиме и во иднина Бог да биде со нас, со нашите верници, со нашите семејства, со нашата земја.
Да се продолжи по патот на напредокот, и унапредување на секоја сфера и област од општественото живеење. Нека христовата светлина ги осветли Вашите домови! Нека е за многу години големиот христијански празник – Божиќ! ХРИСТОС СЕ РОДИ!Д-р. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија:
– Дозволете ми, Вам, на Вашето ценето свештенство и монаштв

Пронајдете не на следниве мрежи: