четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претседателот Иванов ќе оствари посета на „Меџитлија“ и Битола

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов попладнево ќе престојува во посета на Битола.Неговиот кабинет информира дека Иванов во 15:30 часот ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, на граничниот премин „Меџитлија“.
Претседателот Иванов во средата одржа работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за оддржување на изборите. Беше констатирано дека субјектите во кризниот менаџмент задолжени за превенција и справување, разузнавањето, армијата и полицијата, 15 месеци постапуваат по плански активности и имаат предвидено сценарија и одговор при зголемување на ризиците од закана, соопшти кабинетот на Иванов.
Заради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и ЕУ членки, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено-цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите.
Претседателот Иванов за време на посетата на Битола, вечер (19:00) ќе присуствува и ќе има обраќање на свечената академија по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, во  Н.У. Центар за култура – Битола.Неговиот кабинет информира дека Иванов во 15:30 часот ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни

Поврзани вести