Саем на Книгата во Штип од 9 до 13 март

По повод јубилејот- дваесет и пет години од основањето на „Матица македонска“, од девети до тринаесети март годинава, во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, оваа издавачка куќа ќе организира Саемски денови на македонската книга.На љубителите на книгата од овој универзитетски град ќе им биде понуден широк спектар на изданија од повеќегодишната богата продукција на Матица.
Ќе бидат организирани промотивни активности на дел од истакнати македонски писатели со нивните најновите дела: Ристо Лазаров, Трајче Кацаров, Борче Панов, Доне Донев, Благој Самоников и др.
Со организирањето на овој културен настан,„Матица македонска“ во соработка со Домот на културата ,библиотеката „Гоце Делчев“ и книжарницата „Мист“ од Штип ја продолжува традицијата за приближување на македонската книга до читателите во нашата татковина.
Саемот на книгата ќе го отвори градоначалникот на Штип м-р Илчо Захариев, а во чест на оваа манифестација со свои стихови ќе настапат десетина истакнати македонски писатели.
На љубителите на книгата од овој универзитетски град ќе им биде понуден широк спектар на изданија од повеќегодишната богата продукција на Матица.

Пронајдете не на следниве мрежи: