Се одржа Пливачкиот Куп на долги патеки на Преспанското Езеро

Денеска на Преспанската Плажа „Конект“ во Сливница се одржа пливачки натпревар на долги патеки како дел од Пливачкиот Куп на Македонија на кој зедоа учество 27 пливачи од повеќе пливачки клубови од државата.Натпреварувачите поделени во категории пливаа на 2.5, 5 и 10 километри во водите на Преспанското езеро на кружна патека со должина од 1250 метри.
На десет километри најдобра беше пливачката Насевска Евита од ПК Орион.
Во категоријата на 5 километри во машка конкуренција најдобар беше Ивановски Бранимир од ПК Млоадост, додека во женска конкуренција најуспешна беше Крстевска Миа од ПК Орион.
На најкратката патека од 2,5 километри во машка конкуренција најдобар беше Симоновски Антониј од ПК Орион, додека пак во женска конкуренција најуспешна беше Костандиновска Јана од ПК Младост.
Организатор на овој настан кој ова лето се одржува на повеќе природни и вештачки езера во Република Македонија е Пливачката Федерација на Македонија, чиј претставник Алахов Михаил заблагодарувајќи се на Градоначалникот на Општина Ресен за реанизацијата на овој настан истакна:
„Македонскиот Куп во далечинско пливање се оддржува веќе четврта година, за прв пат на Преспанското езеро. Купот е значен од димензија што трката на 10 километри е олимписка дисциплина и се надеваме дека преку него за наредниот олимписки сиклус Македонија ќе обезбеди свој претставник на следната Олимпијада.
Денес презентираме една од мноштвото нови содржини кои ова лето ја збогатија туристичката конкурентност на Преспа, преку одржување на пливачкиот куп овде во Сливница за прв пат на Преспанското езеро. Ова што денес Општина Ресен што заедно го прави со Пливачката Федерација на македонија е еден пионерски чекор за Преспа , се надевам дека она што денес го правиме тука ќе прерасне во една извонредна традиција која ќе продолжи и во иднина“ – истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски по повод одржувањето на пливачкиот куп на Преспанското езеро.Натпреварувачите поделени во категории пливаа на 2.5, 5 и 10 километри во водите на Преспанското езеро на кружна патека со должина од 1250 метри.

Пронајдете не на следниве мрежи: