Мурињо го бележи најлошиот стар во тренерската кариера

Loading...

 

Шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го бележи најлошиот старт на сезоната од почетокот на својата тренерска кариера.

Португалецот со Реал Мадрид, во првите четири кола освои скромни четири бодови – два пораза и по еден нерешен резултат и победа. Реал за наоѓа на 11-то место на првенствената табела со осум бодови помалку од големиот ривал Барселона, која по првите четири кола има максимален учинок. 

Мурињо и во дебитанската сезона, како тренер на Леирија имал подобар старт, победа и три нерешени резултата. 

Последниот пораз „кралскиот клуб“ го забележа во саботата кај Севиља, а Мурњо по натпреварот изјави дека повеќе од поразот го загрижува фактот што нема тим. 

Учинокот на Мурињо на почетокот на сезоната:

2001/02 Леирија: победа и три нерешени средби
2002/03 Порто: три победи и реми
2003/04 Порто: три победи и реми
2004/05 Челзи: четири победи
2005/06 Челзи: четири победи
2006/07 Челзи: три победи и пораз
2007/08 Челзи: три победи и реми
2008/09 Интер: три победи и реми
2009/10 Интер: три победи и реми
2010/11 Реал: три победи и реми
2011/12 Реал: победа, реми и два пораза

Реал во вторник ќе ги започне и натпреварите во Лигата на шампиони, а веќе во првиот меч Мурињо и неговите избраници ќе имаат сериозен тест, во Мадрид ќе гостува англискиот шампион Манчестер Сити.

 

Макфакс

loading...
Loading...