Бобан: Ова е најлошиот Милан во последните 25 години

Фудбалерите на Милан во првите три кола, во Серија А, загубија два пати на домашен терен, со што само ги поттикнаа критиките кон политиката која ја води клубот.

Милан, во летниот преоден рок, остана без главните звезди Злтан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва,  екипата ја напуштија Алесандро Неста, Кларенс Седорф, Антонио Касано, Џенаро Гатузо, додека Пипо Инзаги замина во пензија, а клубот не обезбеди адекватни замени. 

Својот поранешен клуб, со кој освои титулата и во Лигата на шампиони, не пропушти да го искритикува ниту Звонимир Бобан. Прославениот хрватски репрезентативец работи како стручен коментатор за итлијанскиот „Скај Спорт“. 

„Можете да губите натпревари, но тоа морате да го сторите играјќи фудбал. Се делува така стихијно. На Милан му недостасува квалитет. Ова е најлошата екипа во последните 25 години“, рече Бобан по поразот од Аталанта на „Сан Сиро“. 

Интересно, сегашниот сосптвеник, Силвио Берлускони, пред 26 години застана на чело на клубот.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: