Ибрахимовиќ влегува во историјата на Лигата на шампионите

 

Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ кој годинава настапува за францускиот прволигаш Пари Сен Жермен во вторник ќе стане првиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите кој настапувал за шест клубови кој се квалификувале за ова најелитно фудбалско клупско натпреварување.

Златан Ибрахимовиќ, сепак, сé уште не успеа и да ја освои со некој од неговите клубови Лигата на шампионите, меѓутоа листата за клубовите за кои настапуваше е навистина импресивна.

Ова лето Ибрахимовиќ мина од Милан во ПСЖ, а претходно настапуваше за Ајакс, Јувентус, Интер и Барселона.

Ибракадабра во вторник на натпреварот на ПСЖ против Динамо Киев ќе надмине пет играчи коишто настапиле за по пет клубови.

Тоа се: Никлас Анелка кој настапуваше за Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Фенербахче и Челзи; Фернандо Мориентес за Реал Мадрид, Монако, Ливерпул, Валенсија и Марсеј; Стефан Далма играше за Бордо, Интер, Ленс, ПСЖ о Марсеј; Емерсон за Баер, Рома, Јувентус, Реал Мадрид и Милан и Ернан Креспо кој се појавуваше во Лигата на шампионите во дресовите на Парма, Лацио, Интер, Челзи и Милан.

Од сите овие само Мориентес, и тоа трипати, и Анелка, ги освојуваа трофеите во Лигата на шампионите.

 

Макфакс

 

Извор: Hina 

Пронајдете не на следниве мрежи: