Хаиме го почести Бетис со три бода

 

Ваљадолид и Бетис го комплетираа четвртото коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија.

Во неинтересен натпревар, победата ја однесоа гостите, кои единствениот гол го постигнаа во 89-та минута. На голот му претходеше катастрофална грешка на голманот на Ваљадолид Хаиме, по која на Рубен Кастро не му беше тешко да ја погоди мрежата. 

Ваљадолид со овој пораз ја пропушти можноста да се искачи на петтото место на табелата, овој тим со шест бода заедно со Бетис и Депортиво се наоѓа на делба на седмото место.  

Ваљадолид во следното коло, во Мадрид ќе му гостува на Атлетико, додека Бетис ќе го пречека Еспањол. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: