ЛШ: Реал против Манчестер Сити

 

Со натпреварите од првото коло во групите А, Б, Ц и Д, во вторник навечер ќе започне јубилејната 20-та сезона во Лигата на шампиони, сметајќи го и поранешниот Куп на европски шампиони, ова е 58-ма сезона во елитното фудбалско натпреарување.

Дерби меч секако ќе биде пресметката на „Сантијаго Бернабе“, помеѓу Реал и Манчестер Сити, натпревар, кој ќе го засени и дуелот помеѓу актуелниот првак Челзи и Јувентус, кој на програмата е во среда. 

Реал, кој лошо стартуваше во домашното првенство, против англискиот првак, ќе се обиде дека покаже дека не станува збор на криза. Фудбалерите на „кралскиот клуб“ ќе имаат мотив плус, на својот тренер да му покажат дека се вистински тим. 

Манчестер Сити, во новата сезона стратува со не помалку мотиви од Реал, Манчини со своите избраници сака да остави подобар впечаток од мината сезона, кога „граѓаните“ не ја минаа фазата по групи. 

Како големи фаворити во дуелите со своите опоненти влегуваат Пари Сен Жермен, Арсенал, Борусија Дортмунд, додека огромна незвесност се очекува на дуелите кои ќе се играат во Малага, Атина, Загреб и Милано, со оглед на катастрофалната форма која Милан ја има на почетокот на сеозната. 

Група А: 
Динамо Загреб-Порто
Пари Сен Жермен-Динамо Киев
Група Б:
Монпеље-Арсенал
Олимпијакос-Шалке

Група Ц:
Милан-Андерлехт
Малага-Зенит

Група Д:
Борусија Дортмунд-Ајакс
Реал Мадрид-Манчестер Сити. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: