Фијат останува во Италија благодарејќи на добрите резултати во САД

Италијанскиот автомобилски гигант Fiat ќе остане во матичната земја благодарејќи на заработката остварена во странство, особено во САД, соопшти во вторникот извршниот директор на компанијата, со што ги стивна стравувањата од затворање на работни места во Италија.„

Се обидуваме да профитираме од заздравувањето на американскиот пазар и тоа да го искористиме до максимум, за да можеме да ја финансираме финансиската безбедност која може да овозможи заштита на присутноста на Fiat во Италија и Европа во актуелниот драматичен момент3, изјави Серџо Маркионе за дневниот весник La Rеpublica.

Падот на продажбата ги потпалува ставувањата дека италијанскиот гигант би можел да ги затвори фабриките во матичната земја и да го преориентира работењето на странските пазари каде остварува добивка.

„Fiat во Европа акумулираше загуби во висина од 700 милиони евра коишто може да ги поднесе благодарејќи на успехот во САД и економиите во развој”, нагласи челникот на италијанската автомобилска компанија.

Fiat очекува дека во 2012 година 3,5 милијарди евра оперативна добивка, од што ниедно евро нема да биде генерирано во Италија, додава Маркионе.

Тој минатите години го градеше партнерството со ослабениот американски гигант Chrysler кој сега ги поддржува резултатите на Fiat. Новиот стратешки план ќе биде објавен во октомври.

Според постојниот план, објавен во 2010 година, компанијата се обврза дека ќе остане во Италија, со прогнозирани вкупно 20 милијарди евра вложувања во зацртаната производствена цел од 1,4 милијарди возила до 2014 година.

Fiat вработува вкупно 197 илјади работници, од кои 80 се во Италија, што го прави најголем работодавец во оваа земја.

Поради падот на продажбата на возила во Италија, за околу 20 отсто, како и отпорот на синдикатите и правните потешкотии, Маркионе повеќепати предупредуваше дека компанијата може да биде принудено да затвори некои од своите италијански погони.

Истакна дека италијанскиот пазар во петгодишниот период се намалил за 1,1 милиони возила, на помалку од 1,4 милиони, со што го аргументира откажувањето од воведување нови модели. Тие можеби би ја зголемиле продажбата за 30 илјади возила, но вклучуваат и ризик од загуба од две милијарди евра на пропратните вложувања.

Преземено од Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: