ЛШ: Кристиано Роналдо му донесе победа на Реал

Интересно беше на првиот ден од натпреварите од Лигата на Шампионите каде се одиграа мошне возбудливи и интересни натпревари.

Како што се и очекуваше, најинтересно беше на „Сантијаго Бернабе“ каде домаќинот победи со 3-2 со гол во финишот од мечот. Први дојдоа во водство гостите преку Џеко во 69-тата минута, израмни Марсело во 76-тата минута, повторно Сити дојде во водство овој пат од 1-2 преку Коларов во 85-тата минута. Бензема израмни на 2-2 во 87-мата минута од мечот. Конечните 3-2 ги постави Кристиано Роналдо во 90-тата минута од мечот.

Резултати…

Монпеље-Арсенал 1-2

Динамо З.-Порто 0-2

ПСЖ-Динамо К. 4-1

Олимпијакос-Шалке 1-2

Малага-Зенит 3-0

Милан-Андерлехт 0-0

Борусија Д.-Ајакс 1-0

Реал М.-Манчестер С. 3-2

Пронајдете не на следниве мрежи: