Манчини: Само јас можам да го критикувам тимот

 

Џо Харт носи дел од вината за голот кој го постигна Кристијано Роналдо и со кој Реал го совлада Манчестер Сити со 3:2, во првото коло, во Лигата на шампиони.

Реал стигна до победата иако во 87-та минута Сити имаше предност од 1:2. Репрезентативецот на Англија за поразот го обвини целиот тим, што не му се допана на менаџерот Роберто Манчини. 

„Џо Харт треба да стои на голот и да брани, тоа е негова работа. Ако некој треба јавно да ја критикува екипата и играчите, тогаш сум тоа јас, никако тоа не смее да биде Џо Харт“, им порача Манчини на новинарите и на својот голман.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: