Рома одбила 100 млн. евра за Де Роси

Loading...

 

Генералниот менаџер на Рома, Франко Балдини, изјави дека во летниот преоден рок одбил понуда вредна 100 милиони евра за трансфер на Даниеле Де Роси.

„Де Роси? До крајот на животот тој ќе остане во Рома. Летово одбивме неколку понуди за негов трансфер, една изнесуваше дури 100 милиони евра“, изјави Балдини за италијанските медиуми. 

Генералниот менаџер на Рома, на новинарите им повторил дека Луис Енрике, иако клупата на Рома ја напушти по само една година, направил многу позитивни работи. 

„Тој беше нов на функцијата, но сите во клубот нé научи на некои нови работи и благодарни сме поради тоа“. 

Балдини потенцира и дека нема никакви несогласувања меѓу него и новиот тренер Зденек Земан. 

Рома по три одиграни кола во Серија А, се наоѓа на седмото место на табелата со четири освоени бодови, следниот меч ќе го одигра во недела во Каљари.

 

Макфакс

loading...
Loading...