Восочен Меси на Вембли

 

Восочна фигура на најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси е откриена во среда на стадионот Вембли во Лондон.

Меси на себе има дрес од Барселона и се наоѓа во карактеристичната поза на прослава на гол. Восочниот Меси на Вембли ќе остане до 24 септември, кога ќе биде преместен во Мадам Тисо, познат музеј на восочни фигури во Лондон.

Свое место во музејот веќе имаат Кристијано Роналдо, Пеле и Дејвид Бекам.

„Како еден од најдобрите фудбалери на денешницата Меси заслужи место во музејот”, порачаа од Мадам Тисо. 

 

Макфакс

 

извор: Хина

Пронајдете не на следниве мрежи: