22 месеци затвор за сообраќајката кај Демир Капија во која загинаа двајца

Обвинетиот за тешката сообраќајка што летото се случи кај Демир Капија, во која загинаа двајца, се спогодил со Јавното обвинителство за затворска казна од 22 месеци. Ваквата одлука го револтираше семејството на загинатите.Алекандар Маринковиќ, брат на 24 годишниот Никола Маринковиќ и чичко на осуммесечниот Андрија кои загинаа на 28 јули, во изјава за српски „Курир“ изјавил дека пресудата е срам за Македонија. Семејството Маринковиќ нема право на жалба на оваа одлука.
„Се обидувавме судењето да го префрлиме во Србија, бидејќи сите учесници се српски државјани но Македонците тоа не го дозволија. Баравме уште едно сообраќајно вештачење но ни тоа не ги го дозволија“, изјавил Александар.

Пронајдете не на следниве мрежи: