ЛШ: Поделени бодовите на „Стемфорд Бриџ“, Барса благодарение на Меси го совлада Спартак

Екипите на Челзи и Јувентус одиграа нерешено 2-2 во мошне интересен и возбудлив натпревар од втората вечер во Лигата на Шампионите, Барселона против незгодниот Спартак од Москва едвај извлече победа благодарение на Меси.

На „Стемфорд Бриџ“ дерби дуелот од втората вечер во Лигата на Шампионите заврши без победник, односно со резултат 2-2. Први дојдоа во водство домаќините преку Оскар во 31-вата минута од мечот, само две минути подоцна истиот играч зголеми на 2-0. Во 38-мата минута Видал навести интересно продолжение на овој натпревар и намали на 2-1. Конечните 2-2 ги постави Квајарела во 80-тата минута од мечот.

Мошне возбудливо и интересно беше на „Камп Ноу“ каде се сретнаа екипите на Барселона и Спартак од Москва. На изненадување на сите, екипата на Спартак одлично и се спротистави на фаворизираната Барса. Први во водство дојдоа домаќините преку Тело во 14-тата минута. Потоа следеше “шок“ за домаќините, во 29-тата минута Алвеш си постигна автогол и резултатот беше израмнет на 1-1. Во вториот дел 70-илјадната публика не можеше да поверува што се случи, гостите преку Ромуло дојдоа во водство од 1-2. Но, потоа на сцена настапи Аргентинскиот АС, Лајонел Меси, кој со двата гола најпрво во 72-рата а потоа во 80-тата минута и донесе победа на екипата на Барселона.

Резултати…

Барселона-Спартак М. 3-2

Челзи-Јувентус 2-2

Манчестер Ј.-Галатасарај 1-0

Шахтјор-Нордсјиланд 2-0

Лил-Бате Б. 1-3

Баерн М.-Валенсија 2-1

Селтик-Бенфика 0-0

Брага-Клуж 0-2

Пронајдете не на следниве мрежи: