Оскар совршено ја започна кариерата во Челзи

Loading...

 

Фудбалерот на Челзи, Бразилецот Оскар, изјави дека е воодушевен од својот настап на натпреварот помеѓу неговиот клуб и Јувентус, одигран во Лигата на шампиони.

Оскар, во првото коло, во елитното фудбалско натпреварување, постигна два извонредни гола, во интервал од само 120 секунди, но неговиот тим не успеа да го победи шампионот на Италија. 

„Пресреќен сум. Одигравме одлично. Жалам што не победивме, бевме многу подобри од Јувентус“, рече Оскар. 

Задоволството од она што го прикажа 21-годишниот Бразилец не го криеше ниту менаџерот на „сините“ Роберто Ди Матео. 

„Оскар одигра совршен натпревар. не само што постигна два гола, од кои вториот беше генијален, туку во текот на целиот натпревар одлично работеше и целосно го запре нивниот најдобра играч Пирло. Не постоеше подобро сценарио да го започне својот живот во Челзи. Беше уживање да се гледа неговата изведба на теренот, рече Ди Матео. 

Оскар во Челзи пристигна летово од екипата на Интернасионал од Порто Алегре за сума од 35 милиони евра. 

Челзи и Јувентус одиграа 2:2, во првото коло, во Е групата, во Лигата на шампиони. 

 

Макфакс

loading...
Loading...