Ибраими стрелец за Марибор, Наполи без Пандев го прегази АИК

Македонскиот фудбал во новата сезона во Лига Европа е преставен од седуммина играчи, во првото коло настапија петмина, Пандев не влезе во игра кај Наполи, а напаѓачот на Бриж Тричковски е повреден.

Единствен кој постигна гол од македонските интернационалци е Агим Ибраими, напаѓачот го постигна вториот гол за Марибор во победата над Панатинаикос од 3:0. 

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, победата на неговиот Наполи од 4:0 над АИК Стокхолм ја гледаше од клупата за резервни фудбалери. Тренерот на Наполи изведе комбиниран состав, без главните звезди во тимот, а во победата се истакна Варгас кој постигна хет-трик. 

Голем бод против минатосезонскиот финалист во ова натпреварување освои Кирјат Шмона, екипа за која настапува Дарко Тасевски. Израелците во Билбао, против Атлетик одиграа 1:1. 

Дефанзивецот Даниел Георгиевски го одигра целиот меч за Стеауа, која во Штутгарт против домашниот тим освои бод играјќи 2:2.

Без победник и без голови заврши соочувањето на Александар Лазевски (Партизан) и Игор Митрески (Нефчи).

Иван Тричковски поради повреда го нема во екипата на Бриж, која на гостувањето во Бордо беше убедливо поразена со 4:0.

Првото коло донесе неколку интересни натпревари, Ливерпул со вториот тим, по голема борба, во натпревар полн со пресврти, во Швајцарија го победи Јанг Бојс со 5:3.

Екипата на Атлетико Мадрид со победа ја започна одбраната на титулата, во Лига Европа. Атлетико и без најдобрите играчи, забележа убедливи триумф во Тел Авив против Хапоел од 3:0.

Фенербахче, иако имаше предност од 2:0, на крајот освои само бод против Олимпик Марсеј. Погодокот за 2:2 го постигна Андре Ајев во 94-та минута.

На сличен начин по водството на домаќинот од 2:0 освои и екипата на Хановер во Ешенде, против Твенте. 

Без победник со резултат 2:2 заврши и мечот Интер-Рубин. Гостите од Казањ два пати водеа со головите на Ризанцев и Рондон, а бод за Интер спасија Ливаја и Нагатомо, кој голанот на гостите го совлада во 92-та минута. 

Бод како домаќин во финишот на мечот, во 91-та минута, освои Удинезе во дуелот со Анжи од Махачкала. Натпреварот на „Фриули“ заврши 1:1. 

Група А:
Удинезе-Анижи 1:1
Јанг Бојс-Ливерпул 3:5

Група Б:
Хапоел Тел Авив-Атлетико Мадрид 0:3
Викторија Плзен-Академика 3:1

Група Ц:
АЕЛ Лимасол-Борусија Менхенгладбах 0:0
Фенербахче-Олимпик Марсеј 2:2

Група Д:

Бордо-Бриж 4:0
Маритимо-Њукасл 0:0

Група Е:
Копенхаген-Молде 2:1
Штутгарт-Стеауа 2:2

Група Ф:
Дњепар-ПСВ Ајндховен 2:0
Наполи-АИК Стокхолм 4:0

Група Г:
Генк-Видеотон 3:0
Спортинг Лисабон-Базел 0:0

Група Х:
Интер-Рубин 2:2
Партизан-Нефчи 0:0

Група И:
Атлетик Билбао-Кирјат Шмона 1:1
Олимпик Лион-Спарта Прага 2:1

Група Ј:
Марибор-Панатинаикос 3:0
Тотенхем-Лацио 0:0

Група К: 
Баер Леверкузен-Металист 0:0
Рапид Виена-Розенборг 1:2

Група Л:
Твенте-Хановер 2:2
Леванте-Хелсинборг 1:1.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: