Баерн против Шалке во Бундес лигата

 

Четвртото коло во Бундес лигата, во петок навечер ќе го отворат Нинберг и Ајнтрахт Франкфурт, екипи кои позитивно изненадија со своите резултати на стартот од сезоната.

Нинберг и Ајнтрахт, во првите три кола, немаат пораз, домаќинот има две победи и реми, додека Ајнтрахт е единствениот тим покрај Баерн Минхен, кој има три победи на почетокот од првенството. 

Дербито на колото ќе се одигра во Гелзенкирхен во сабота, Шалке ќе го пречека големиот ривал Баерн. Двата тима во дуелот влегуваат по победите во Лигата на шампиони, Шалке како гостин го победи Олимпијакос, додека Баерн запиша победа на домашен терен над Валенсија. 

Хамбургер и Хофенхајм во оваа првенствена рунда се надеваат дека ќе ги освојат првите бодови. Хофенхајм во текот на неделата го смени тренерот Маркус Бабел и на неговото место го постави Андреас Мелер. 

Петок, 21. септември:
Нинберг-Ајнтрахт

Сабота, 22. септември:
Шалке-Баерн Минхен
Волфсбург-Гројтер Фирт
Мајнц-Аугзбург
Хамбургер-Борусија Дортмунд
Фортуна-Фрајбург

Недела, 23. септември:
Баер Леверкузен-Борусија Менхенгладбах
Вердер-Штутгарт
Хофенхајм-Хановер.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: