Повредени тројца навивачи на АИК

 

Италијанската полиција соопшти дека тројца навивачи на шведскиот фудбалски клуб АИК биле повредени во средата навечер, по натпреварот со Наполи во Лига Европа.

Како што пренесуваат локалните медиуми, навивачите биле нападнати додека вечерале во еден ресторан на плоштадот Борса во Неапол. Шведските навивачи се здобиле со убодни рани, кои не биле опасни по нивните животи. 

Навивачи на АИК биле нападнати и пред почетокот на натпреварот, во пицеријата во која биле тие, влегла маскирана група вооружена со палки и ножеви. Во тепачката во одбрана на шведските навивачи се вклучил и сопственикот на пицеријата. Хулиганите повредиле двајца од фановите на АИК. 

Слични инциденти во Неапол се сличија во 2010 година, кога хулиганите повредија тројца навивачи на Ливерпул. 

Натпреварот меѓу Наполи и АИК заврши со резултат 4:0.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: