Рајо против Реал, Барса ја чека Гранада

Loading...

 

Фудбалерите на Реал Мадрид, против градскиот ривал Рајо Ваљекано, ќе се обидат да ги освојат првите бодови на гостински терен во новата сезона во Примера.

Во рамките на петтото коло, фудбалерите на Реал ќе гостуваат кај екипата која во минатото коло за само осум минути успеа да ја стопи предноста на Атлетико од 4:0, на 4:3. 

Избраниците на Жозе Мурињо во мечот влегуваат како фаворити, но и со огромна самодоверба по блескавата победа над Манчестер Сити во Лигата на шампиони. 

Лидерот во првенството, Барселона, која единствена има максимални четири победи, победничкиот чекор треба да го задржи и по мечот со аутсајдерот Гранада. 

Внимание во петтото коло привлекуваат дуелите меѓу непоразената Мајорка и Валенсија, односно Атлетик Билбао и второпласираната Малага. 

Сабота, 22. септември: 
Сарагоса-Осасуна
Селта-Хетафе
Бетис-Еспањол
Барселона-Гранада

Недела, 23.септември:
Мајорка-Валенсија
Леванте-Реал Сосиедад
Атлетико Мадрид-Ваљадолид
Атлетик Билбао-Малага
Рајо Ваљекано-Реал Мадрид

Петтото коло во Примера ќе биде комплетирано во понеделник, кога својот натпревар ќе го одиграат Депортиво Ла Коруња и Севиља.

 

Макфакс

loading...
Loading...