„Црвените ѓаволи“ во Ливерпул, „топџиите“ во Манчестер

Loading...

 

Петтото коло во англиската Премиер лига го носи најголемото дерби на Островото, дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Двата најтрофејни англиски клуба силите ќе ги одмерат на „Енфилд“ во Ливерпул.

„Црвените“ очајно стартуваа во новото првенство, избраниците на менаџерот Брендан Роџерс, во првите четири рунди не забележаа победа и со само два освоени бода се наоѓаат при самото дно на табелата. 

Сепак, Ливерпул, во последните неколку сезони игра добро против големиот ривал, на последните четири меѓусебни дуели има само еден пораз. 

Манчестер Јунајтед, по стартниот пораз од Евертон, врза три победи во шампионатот и една во Лигата на шампиони. 

Второто дерби ќе се одигра на „Итихад“ стадионот во Манчестер Сити, каде на актуелниот првак ќе му гостува Арсенал, екипа чија форма оди во нагорна линија. 

Лидерот Челзи ќе го пречека Стоук, кој од почетокот на сезоната одигра нерешено на сите натпревари. 

Сабота, 22.септември:
Свонси-Евертон
Челзи-Стоук
Саутемптон-Астон Вила
ВБА-Ридинг
Вест Хем-Сандерленд
Виган-Фулам

Недела, 23.септември:
Ливерпул-Манчестер Јунајтед
Њукасл-Норич
Тотенхем-КПР
Манчестер Сити-Арсенал. 

 

Макфакс

loading...
Loading...