Даниел Сервер: САД не извршија доволен притисок врз Грција за да се реши

Во пресрет на генералното собрание на Обединетите нации, каде македонската делегација ќе побара да се почитува пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и да се деблокираат македонските интеграциски процеси, американскиот аналитичар Даниел Сервер вели дека со притисок од страна на САД може да се направи исчекор.

– Грците имаат добра дипломатија, добро лоби во Вашингтон, и Американците досега не покажаа подготвеност навистина силно да се ангажираат околу ова прашање. Ако претседателот на САД му порача на грчкиот премиер дека решавањето на спорот со Македонија е апсолутен услов за натамошната американска поддршка за грчките финансиски прашања, тогаш ќе имавме поинаква ситуација. Но, САД ова не го сторија. Можеби имаат свои причини зошто не го сторија, но факт е дека не го сторија, вели Сервер, професор на универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон и еден од водечките експерти за американската политика кон Балканот.

Според Сервер, во Вашингтон постои капацитет да се продолжи ангажманот за решавање на прашањата на Балканот, и покрај кризата со Блискиот Исток, Сирија и Иран, но вели дека нема решителност што да се стори на Балканот.

Сервер вели дека и самиот смета дека спорот за името не е прашање од толкаво значење кое треба да предизвикува голема загриженост во САД.

– Ова не е прашање за името, бидејќи е смешно воопшто македонското име да се поставува како прашање. Овој спор е околу грчкото вето за македонското членство во НАТО, и тоа треба да се надмине, вели Сервер.

Пронајдете не на следниве мрежи: