Тешка победа на Челзи, Саутемптон ги освои првите бодови

 

Екипата на Челзи и по петтото коло во Премиер лигата ќе остане на водечката позиција, откако на домашен терен го совлада Стоук со 1:0.

На „Стенфорд Бриџ“, домашниот состав вложи многу напор за да стигне до победата над Стоук, екипа која во првите четири коло одигра исто толку нерешени натпревари. Дефанзиецот Ешли Кол на пет минути до крајот на мечот го постигна единствениот гол. 

Саутемптон стигна до првата победа во сзоната, повратникот во Премиер лигата, на домашен терен, убедливо со 4:1 ја совлада Астон Вила. 
Вест Хем извлече бод против Сандерленд, благодарение на голот кој Кевин Нолан го постигна во 93-та минута. Претходно Сандерленд имаше водство со голот на Стивен Флечер. Инаку Сандерленд, стана само третата екипа во историјата на Премиер лигата, која одиграла нерешено во првите четири кола. 

Минимална победа од 1:0 забележаа играчите на ВБА против Ридинг. 

Победи како гости забележаа Евертон и Фулам. „Карамелите“, во мечот кој о отвори петтото коло, ја потврдија добрата форма и кај Свонси победија со 3:0. Фулам со головите на Родаљега и Даф победи во Виган со 2:1. 

Во недела на програмата се две дерби средби Ливерпул-Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити-Арсенал, покрај овие дуели ќе се одиграат на натпреварите Њукасл-Норич и Тотенхем-КПР. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: