Откажан мечот Каљари – Рома

Loading...

 

Натпреварот од италијанското првенство меѓу Каљари и Рома кој требаше да се одигра во неделата е откажан во чудни околности, откако домашниот клуб одби да ја послуша препораката на локалните власти и да го организира мечот без публика.

На интеренет страницата на Серија А е потврдено дека градскиот совет на Каљари наредил натрпеварот да се одложи по синоќешниот состанок.

Каљари се пресели на стадионот „Ис Аренас” на периферијата од градот, но локалните власти на почетокот од седмицава објавија дека стадионот не е подготвен да биде домаќин на мечевите од Серија А.

Меѓутоа, во неделата Каљари објави соопштение на својата официјална интернет страница со кое ги повикува своите навивачи да дојдат на мечот бидејќи клубот смета дека стадионот е подготвен.

 

Макфакс

 

извор: Hina 

loading...
Loading...