Бунт во Зенит, четворица бараат поголеми плати

Loading...

Главните играчи во тимот на рускиот шампион, Зенит, по доаѓањето на Хулк и Аксел Витсел, кренаа бунт барајќи поголеми плати.

Прв со барање за погоема плата излегол Игор Денисов, па тренерот Лучано Спалети го префли да тренира со младиот тим, па тој не се појави во тимот на саботниот натпревар со Крила Совјетов. 

Слично постапил и напаѓачот Александар Крежаков, иако тој одигра 45 минути на мечот во Самара, кој заврши со реултат 2:2. Меѓу незадоволните фудбалери се наоѓаат уште Александар Анјуков и Владимир Бистров. 

Тренерот на Зенит, Спалети не ги неграше овие наводи, истакнувајќи дека е оптимист со моменталната ситуација во тимот. 
„Евидентно е дека екипата не е во најдобра менатлна состојба, некои играчи почуствуваа дека можат да кренат бунт во овој момент. Тие мора да разберат дека начинот на кој се однесуваат не е фер“, истакнал Спалети. 

Хулк и Витсел во редовите на рускиот шампион пистигнаа на 3. септември, за сума од 80 милиони евра. По нивното доаѓање Зенит претрпе два убедливи порази (Терек и Малага) и одигра нерешено во Самара. 

 

Макфакс

loading...
Loading...