Непознати лица ги пресекле каблите за рефлектори, мечот Рајо-Реал одложен за утре!

Непознати лица ги пресекле каблите за рефлекторите, според информаците кои кружат натпреварот помеѓу екипите на Рајо Ваљекано и Реал Мадрид ќе се одигра утре вечер.

Зборувајќи за „Канал+“, претседателот на Рајо, Мартин Преса изјави: „Некој ги пресекол каблите од трибината, поради тоа нема можност за натпреварот да се одигра во моментов. Солуцијата е да се реконектираат каблите и да се очекува електрицитетот да овозможи светло. Сепак, каблите беа пресечени, и тоа не е нормално“ изјави претседателот на Рајо Ваљекано.

Според она што медиумите го објавуваат, неофицијално, мечот ќе се одигра утре со почеток во 20,30 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: