Тери повеќе нема да игра за Англија

 

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Англија, Џон Тери, објави дека повеќе нема да настапува за националниот тим.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите селектори, кои 78 пати ме повикаа во репрезентацијата“, изјави Тери.

„Имав големо задоволство да ја делам честа со сите играчи со кои играв. Голема благодарност до нив, до навивачите и до моето семејство за поддршката која ми ја даваа во текот на мојата интернационална кариера“, дополни Тери. 

Централниот дефанзивец дополни дека огромна чест му преставувало тоа што му се исполнил сонот да биде капитен на националниот тим на својата земја. 

Тери со овој свој потег веројатно сакаше да им ја олесни работата на челниците на Фудбалската асоцијација, кои се наоѓаат под силем притисок, бидејќи Тери се соочува со обвинувања за расизам. Порано или подоцна ие ќе мораа да донесат одлука тој повеќе да не настапува за репрезентацијата. 

„Ќе и се посветам на мојата кариера во Челзи и сакма да им се заблагодарам на навивачите за големата поддршка“, изјави Тери. 
Џон Тери за англиската репрезентација дебитирапе во 2003 година на натпревар против Србија и Црна Гора, вкупно одиграл 78 натпревари за Англија и постигнал шест погодоци, а капитенската летна прв пат ја носел во 2006 година. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: