24-годишна девојка почина од свински грип на КАРИЛ

Втора жртва за само два дена по добиени компликации од сезонскиот грип. 24 годишната девојка со Даунов синдром починала на КАРИЛ по добиените компликации од грипот, објавува Канал 5.
На детската клиника по компликации од грип почина и пет годишно девојче.


Вирусот на грип од инфлуенца А во Македонија не беше присутен три години. За епидемиолозите телото кога има вирус на грип важна е неговата кондиција, дали има други заболувања и заради тие компликации состојбата со здравјето може да стане сериозна.
За само една недела бројот на болни од грип се зголемил за 50 проценти. Докторите очекуваат дека бројот на болни ќе расте. Лекот тамифлу за лекување на грип го има во доволни количини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.