24 пијани и тројца предозирани завршија на Токсикологија во новогодишната ноќ 

За време на “најлудата“ ноќ 24 пијани лица и тројца предозирани од дрога завршија на Клиниката за токсикологија. Хоспитализирани се и тројца корисници на психоактивни супстанци, од кои двајца се веќе дома, а една пациентка се уште е на опсервација.
Како што изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче во Ургентниот центар во Скопје за време на новогодишната ноќ биле третирани околу 60 пациенти, главно повредени во сообраќајки, при физички напад, од посекотини од стакло и пиротехнички средства, но ниту еден нема посериозни повреди.
Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, за среќа, имало многу малку пациенти.
-Се на се, новогодишната ноќ помина со вообичаена фрекренција, со пациенти кои немаа посериозни компликации од повредите, изјави Филипче пред Клиниката за токсикологија.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.