Сантос и го продал Нејмар на Барселона ?!

 

Каталонскиот дневен весник „Sport“ пренесува дека и покрај напорите на Пари Сен Жермен да го обезбеди трансферот на Нејмар, тој веќе и бил продаден на Барселона за сума од 65 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула во договорот на фудбалерот.

Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Леонардо, во текот на минатиот месец се обидел да го договори трансферот на Нејмар за сума од 85 милиони евра, која била одбиена од Сантос. 

Според весникот тоа е доволен доказ дека челниците на Сантос и Барселона веќе ја завршиле работата. Повикувајќи се на неименувани извори, „Sport“ пишува дека првиот човек на Сантос, Луиз Алваро де Оливеира, потврдил дека тековната сезона ќе биде последна за Нејмар во дресот на овој клуб. 

Еден од најдобрите напаѓачи на светот, пред една година, беше на чекор до трансфер во Реал Мадрид, но самиот ја одбрал Барселона, бидејќи повеќе му одговарал стилот на играта на Каталонците, но и дека сакал да игра заедно со својот идол Лео Меси. 

Според каталонскиот весник преговорите околу трансферот лично ги водел претседателот на Барселона, Сандро Росел, но од клубот не сакаат да го потврдат или демантираат трансферот. 

Барселона, наводно потпишала и преддоговор со Нејмар, па доколку трансферот пропадне од било која причина, неуспехот ќе ја чини 40 милиони евра. 

 

Макфакс

извор: sport.es 

Пронајдете не на следниве мрежи: